Еден од мечевите кои може да реши многу дилеми во групната фаза се игра во Париз. Домашниот Пари Сен Жермен го пречекува Њукасл, а навивачите направија лоша предигра на тоа што треба да биде вечерва на „Паркот на принцовите“.
Домашните ултраси синоќа решија да ги „поздрават“ навивачите на Њукасл кои беа во еден паб. Чаши, шишиња, столови, маси и други предмети летаа од двете страни, па мораше да реагира и полицијата. Засега нема информации за некој потешко повреден навивач.