Хаос во ПСЖ: Спортскиот директор од трибините се симна на клупата и ја водеше екипата против Лил (Видео

Фудбалерите на ПСЖ по три порази по ред, вчера успеаја да ја прекинат црната серија со драматична победа (4:3) против Лил во последните секунди од натпреварот, а притоа навивачите и јавноста видоа дека состојбата во клубот е хаотична.

ПСЖ славеше со голот на Меси од слободен удар во петтата минута од судиското надополнување. Светците поведоа со 2:0 со головите на Мбапе и Нејмар, но Лил брзо направи пресврт на 3:2 преку Дијаките, Џонатан Дејвид и Бамба. Мбапе во 87-мата минута израмни на 3:3, а потоа Меси погоди за триумф.

 

Но, во моментите кога Лил водеше со 3:2, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, од ложата на „Паркот на принцевите“ се симна на теренот и го презеде водењето на тимот од тренерот Кристофер Галтие.

Им даваше инструкции на играчите, се расправаше со судиите и притоа јавно го понижи тренерот Кристоф Галтие, кој изгледа тешко се носи со соблекувалната полна со ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести