Хаос во Селтик: отидоа во Дубаи, сега мораат во карантин и ќе играат без 13-мина фудбалери

Екипата на Селтик има огромни проблеми пред дуелот со Хибернијан, дури 13-мина играчи им се во изолација поради корона-вирусот, но средбата не е одложена и ќе мора да се снаоѓаат.

Проблемот во Селтик си го направија сами бидејќи среде сезона решија да заминат на краток тренинг-камп во Дубаи. Според фотографиите од Дубаи, играчите на Селтик не внимавале многу за време на престојот таму, ниту носеле маски цело време, па беа критикувани од јавноста и од премиерката на Шкотска.

Денеска беше објавено дека еден играч на Селтик е позитивен на ковид-19, па 13-мина играчи плус тренерот Нил Ленон и помошникот Џон Кенеди ќе мора да заминат во изолација. Селтик има огромни 22 бода негатива во однос на Ренџерс, но и четири меча помалку, па дури и да ги добијат сите заостанати средби, пак ќе имаат двоцифрена негатива.

- Оглас -

Најнови вести