Хаотични сцени на меч од детска лига, еден татко збесна (Видео)

Мечот од младинските категории меѓу Сан Педро Мартир и Калерсо имаше и трето полувреме. По завршување на мечот, еден татко беше толку гневен на судијата, што сакаше да се тепа.

Таткото најпрво се симна од трибината и запона вербална расправија со судијата. „Ти си син на голема ку*ва. Дојди ваму, пе*ер еден, ќе те убијам. Дојди ваму, ќе те убијам“, се дереше таткото, а потоа ја соблече маицата, ја прескокна оградата и тргна да се тепа со судијата.

За среќа, еден од присутните успеа да го сопре разулавениот човек и беше спречен поголем инцидент.

 

 

- Оглас -

Најнови вести