Харден пак е на ракетен погон

Џејмс Харден (Њу Орлеанс – Хјустон рокетс, НБА, 00 часот)

Харден почна нова серија 30+ поени, со неверојатни 61 поени против Сан Антонио спарс. Сезонава ќе ја памети како убедливо најдобра во кариерата. Имаше шест меча со 57+ поени, што е импресивно, а и ноќеска на нишан му е Њу Орлеанс пеликанс.

Во финишот на регуларниот дел од сезоната се најавува дека главните ѕвезди се почесто ќе одмараат на последните десеттина мечеви, но очекуваме Харден да игра против Њу Орлеанс.

Ракетите се уште не се откажале од првото место во Западната конференција, а за тоа им требаат победи и Харден во вистинско издание.

Предлог тип: Харден > 35.5 поени (1.87)

 

Бостон селтикс – Сан Антонио спарс (НБА, 00.30 часот)

Сан Антонио веќе не ја игра познатата челична одбрана на легендарниот Грег Попович. Спарс честопати во минатите сезони знаеја да ги задржат противниците и под 80-90 поени, но Поп малку ја смени тактиката, па Сан Антонио игра побрз стил на кошарка сезонава.

И целата сезона во НБА е во стилот на ран-енд ган кошарката. Комплетно е во аут познатата дефиниција за „дифенс“, или цврста одбрана, поклич што често се слуша од трибините во НБА лигата.

Бостон бие битка за четвртата позиција на Истокот. Предводен од одличниот Кајри Ирвинг игра ефикасни мечеви и очекуваме и ноќеска да има многу поени. Проблем може да им биде најавеното отсуство на двајцата центри Ал Хорфорд и Ендрју Бејнс кои се жалат на повреди, но Селтикс имаат квалитетен ростер и одлични замени.

Сан Антонио се уште го нема обезбедено учеството во плејофот, но е мошне блиску до реализација на главната цел за оваа сезона, учество во плејоф сериите за титулата.

Предлог тип: > 219.5 поени (1.85) 

 

Кевин Дурант (Голден стејт вориорс – Детроит пистонс, НБА, 01.30 часот)

Шампионот ноќеска е на поправен испит по вистинскиот бродолом и тоа неочекуван против Далас маверикс. Загубија со неверојатни 91:126 и ако продолжат во тој стил ќе нема ништо од првото место на Западот од НБА и од привилегијата во сите конференциски фази во плејофот да имаат еден меч повеќе од ривалите на свој терен.

Кевин Дурант беше единстевната светла точка во катастрофата против Далас, кај него нема осцилации и очекуваме и ноќеска да биде лидерот на тимот во дуелот со Детроит пистонс.

Се очекува одличен дуел меѓу него и Блејк Грифин, кој е одличен дефанзивец, но кога Дурант игра како што знае нема кошаркар на планетата што може да го сопре.

Предлог тип: Дурант >25.5 поени (1.87)

 

Каролина хурикенс – Монтреал канедиенс (НХЛ, 00 часот)

Има вистинска драма во Источната конференција во битката за позициите 7 и 8. Во конкуренција се пет екипи. Засега токму Каролина и Монтреал се на тие две места кои гарантираат учество во доигрувањето во НХЛ лигата.

И двете екипи во последно време играат ефикасен хокеј, но ноќеска очекуваме поинаква приказна. Влогот е голем, на 7-8 натпревари до крајот на регуларниот дел и секој пораз може да биде кобен по амбициите да се остане во трка за пехарот во Стенли купот.

И двете екипи имаат по три победи и два порази на последните пет мечеви, а вечерва триумф ќе вреди двојно. Ќе се обидеме да типуваме помалку од 5.5 голови на дербито од Источната конференција.

Предлог тип: < 5.5 голови (1.95)

 

Чикаго блекхокс – Колорадо авеланш (НХЛ, 01 часот)

Чикаго ја бие битката на сезоната против Колорадо, ноќеска на свој терен во „Јунајтед центар“. За нив победа ќе значи останување во битката за осмата позиција во Западната конференција, на која моментно со 6 бода предност е токму Колорадо.

Играа меѓусебе пред два дена и Колорадо победи дома со 4:2. Чикаго го загуби и претходниот меѓусебен дуел и тоа на домашен терен со 3:5, што го става во подредена ситуација, ако дојде до ситуација двете екипи да имаат ист број на бодови на крајот од регуларниот дел на сезоната.

Ова е меч и буквално да се биде, или не за Блекхокс. Во ситуација кога братската екипа од НБА, Чикаго булс е во аут и нема шанси за плејоф пораз и на хокеарите би значел катастрофа за двете франшизи од Чикаго.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести