Харден на рекорден начин ги послужуваше соиграчите, Лејкерс немоќен без Леброн (Видео)

Филаделфија го победи ослабениот Голден стејт со 108-98, и дојде до 31-вата победа сезонава во НБА лигата, со што се изедначи со Јута џез која е најуспешен тим на Западот. Тобијас Херис имаше 25 поени и 13 скока, Бен Симонс заврши со 22 поени, а на терен ги немаше браќата Сет и Стеф Кари кои се повредени. Поголем хендикеп е неиграњето на Стеф, без кого Воините не постигнаа ни 100 поени.

Бруклин извојува тешка победа против Портланд од 116-112, а Џејмс Харден уфрли 25 поени и го изедначи својот личен рекорд од 17 асистенции, па неиграњето на Кевин Дурант и Кајри Ирвинг беше надоместено со тимска игра на Мрежичките предводени од Брадата.

Шампионот Лос Анџелес лејкерс дефинитивно не личи на шампион кога во составот ги нема Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Лејкерс има три порази по ред, овојпат загубија од Њу Орлеанс пеликанс со 128-111. Кај Пеликаните блескаа некогашниот член на Лејкерс, Брендон Инграм, со свој сезонски рекорд од 36 поени, и Зајон Вилијамсон со 27 поени и девет скока.

Никола Јокиќ направи трипл-дабл против Орландо на Никола Вучевиќ, и беше најзаслужен за победата на Денвер од 110-99.

Ова се асистенциите со кои Харден го разигруваше цел тим на Бруклин:

- Оглас -

Најнови вести