Филаделфија победи во Бостон со 119-115 и поведе со 1-0 во ова источно полуфинале, а на Западот, Денвер има водство од 2-0 против Феникс по победата од 97-87.
Џејмс Харден играше како во најдобрите денови и најзаслужен е што 76-ките триумфираа против Келтите. Брадата уфрли 45 поени, што е негов плејоф-рекорд во кариерата и беше вистински лидер на својот тим во отсуство на повредениот прв стрелец Џоел Ембид. Голема заслуга има и Тајрис Макси со 29 поени и една украдена топка и забивање во клучни моменти. Џејсон Тејтум со 39 поени беше прв стрелец кај Селтикс.
Никола Јокиќ со 39 поени и 16 скока беше најзаслужен за победата на Нагетс против Санс. Денвер последната четвртина ја доби со 27-14 и тоа беше клучно за победата. Кај Феникс, Кевин Дурант и Девин Букер заедно дадоа 59 поени, но сите други нивни соиграчи заедно имаа само 28 поени. Проблем за Феникс е и повредата на Крис Пол, кој не можеше да го доигра мечот и не се знае дали ќе биде спремен за третиот дуел.
Ова е тројката на Харден, која му пресуди на Бостон:
JAMES HARDEN ARE YOU KIDDING ME?!
He has a playoff career-high 45 PTS pic.twitter.com/QHOJviHtEt
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 2, 2023