Хари Кејн направи нешто што им успеало само на Герд Милер и Јуп Хејнкес

Тотенхем убедливо со 5:1 ја победи словенечката Мура во меч од Конференциската лига на УЕФА, а прва ѕвезда на мечот беше Хари Кејн. Најдобриот напаѓач на лондонскиот тим немаше милост кон гостите и постигна хет-трик.

Со овие три гола, Кејн влезе во елитно друштво. Тој е само третиот фудбалер во историјата кој успеал да постигне хет-трик во три различни европски натпреварувања. Пред Кејн, тоа го имаа направено само легендарните Герд Милер и Јуп Хејнкес.

 

- Оглас -

Најнови вести