Хари Кејн во втората сезона како фудбалер на Баерн Минхен дојде до својот прв трофеј во кариерата откако Баварците ја освоија Бундеслигата. Се шпекулира дека англискиот репрезентативец ќе ја напушти Германија, но тој демантира и вели дека планира да освојува уште трофеи со Баерн Минхен.
„Моето семејство е тука. Знаете, во фудбалот и во животот, никогаш не знаете што ве чека. Јас навистина сум среќен во Минхен. Моето семејство е среќно, моите деца тука се среќни во училиште. Ова е мојот живот во догледна иднина. Го сакам овој тим. Мислам дека штотуку започнавме еден успешен период за клубот и сакам да бидам дел од тоа. Дефинитивно сакам да останам тука“, вели Кејн.
Сепак, англискиот репрезентативец има еден проблем во Германија, а тоа е јазикот.
„Воопшто не сум блиску да го научам германскиот јазик, па сè уште посетувам часови. Малку по малку почнувам да разбирам, но навистина е многу тешко“, додава англискиот репрезентативец.