20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Хари Кејн во 90+4 минута го спаси Баерн од резил кај третолигашот (Видео)

Баерн Минхен се пласираше во второто коло од Купот на Германија, откако по многу мака со 3:2 победи на гости кај Вехен.

Интересно е дека Баерн водеше со 2:0 по еден час игра и ништо не најавуваше дека може да има драма. Сепак, фудбалерите на Вехан не се предадоа и со погодоци во 64 и 69 минута израмнија на 2:2.

Баерн имаше голема шанса да поведе со 3:2 во 76 минута, но Хари Кејн промаши пенал. Сепак, англискиот репрезентативец се извади за промашениот пенал и тоа во 90+4 минута кога погоди за победа на Баерн Минхен од 3:2.

- Оглас -

Најнови вести