Хари Мегваер не е вистинското име на човекот кој ќе стане најскап дефанзивец на светот

Трансферот на Хари Мегваер во Манчестер јунајтед е речиси финализиран, „црвените ѓаволи“ на Лестер ќе му платат 85 милиони фунти за англискиот репрезентативец, со што 26-годишниот играч ќе стане најскап дефанзивец на светот.

Има една работа која е необична, а тоа дека во договорит ќе фигурира друго име, а не Хари Мегваер, со кое тој е познат во фудбалскиот свет.

Целосното име на фудбалерот е Џејкоб Хари Мегваер. Но, фудбалерот претпочита да се претставува во средното име Хари, а не како Џејкоб кое му е основното име. Слично нешто правеше и некогашниот голман на репрезентацијата на Англија, Џо Харт, чие име всушност е Чарлс.

- Оглас -

Најнови вести