Хаверц го искачи Арсенал на врвот на табелата во Премиер лигата (Видео)

Арсенал славеше во лондонската пресметка против Брентфорд во 13-то коло од Премиер лигата и се искачи на лидерската позиција на табелата,  искористувајќи го ремито на Манчестер сити со Ливерпул.

Арсенал сега има 29 бода, еден повеќе од Граѓаните и два од Ливерпул.

Топчиите славеа со минимални 1:0, а голот вреден три бода го постигна Каи Хаверц во 88-та минута. Германецот со голот вреден три бода, на најдобар можен начин одговори за критиките поради послабите игри.

Победата и искачувањето на лидерската позиција на табелата е најдобриот можен подарок за менаџерот на Арсенал, Микел Артета кој денеска по јубилеен 200-ти пат седеше на клупата на Топчиите во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести