Јокиќ после поразот: „Што ме мотивира? Тоа е добро прашање“

Актуелниот НБА шампион, екипата на Денвер нагетс, доживеа два неочекувани и шокантни порази на домашен терен на стартот од конференциското полуфиналето против Минесота. Никола Јокиќ во последниот пораз од 80-106 беше непрепознатлив и мечот го заврши со само 16 поени.

Србинот после натпреварот беше прашан што го мотива во ваква ситуација.

„Тоа е добро прашање пријателе. Можеби победите? Да, мислам дека е тоа е одговорот.“ – рече Јокиќ.

Најдобриот кошаркар на Денвер потоа продолжи со анализата на противникот и упати пофалби на нивна адреса.

„Целата сезона играат добро, посебно во одбрана. Целата петторка е агресивна, знаат што прават. Не можам да речам дека нѐ изненадија, бидејќи не направија ништо ново. Целата сезона се такви. Не можевме да пронајдеме лесни позиции за шут, тие можеа и погодуваа. Ние шутиравме со 34%. Ако ја гледавте претходната серија на Минесота против Сан Антонио, тоа е тоа. Влегуваат во тело, играат добра одбрана цела сезона, затоа и се одбрана број еден во лигата. Мораме да одиме таму и да се бориме да ја вратиме серијата во Денвер.“ – рече Јокиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести