Хендерсон денеска требаше да ја крене титулата во Премиер лигата

Тридеценискиот пост без титула за Ливерпул требаше да заврши денес, доколку пандемијата со корона-вирусот не ја прекинеше сезоната во Премиер лигата и воопшто спортот на глобално ниво. Според календарот, Црвените за денес имаа закажан меч против Челзи во рамки од 37-то коло, во којшто воедно тимот на Јирген Клоп последен пат требаше да се појави пред домашната публика на „Енфилд“.

Со оглед на тоа дека на актуелниот европски првак требаше да издвои две победи во вкупно 9 преостанати кола за и официјално да биде англиски шампион, во претпоследното коло се очекуваше организирање на церемонијата на која Ливерпул, односно капитенот Џордан Хендерсон требаше да ја подигне титулата.

Сепак фановите на Ливерпул, а и самите фудбалери на екипата ќе треба да почекаат најмалку до понеделник за да дознаат дали сезоната ќе се доигра, или пак преку службен пат ќе им се додели трофејот од Премиер лигата. Пред принудниот прекин, Црвените беа убедливи лидери на табелата со 82 бода, 25 повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести