Хендерсон: Треба да бидеме подготвени да продолжиме во исто темпо

Неизвесноста околу тоа дали и кога ќе продолжи првенството во Премиер лигата продолжува, а на фудбалерите не им преостанува ништо освен да продолжат со одржување на формата. Ливерпул е тимот кој најмногу го очекува продолжувањето на сезоната затоа што гигантот од „Енфилд роуд“ е на чекор од освојување на титулата.

Ливерпул има дури 25 бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити, но теоретски му останува да ја потврди титулата која фановите на овој клуб ја чекаат цели 30 години. Џордан Хендерсон, капитенот на Ливерпул, вели дека кога ќе биде дозволено продолжување на натпреварите, играчите мора да бидат подготвени да продолжат во ист ритам.

„Во овој период, кога на некој начин бевме слободни, имав време да погледнам што направивме сезонава. Тоа што го постигнавме навистина е неверојатно. Тоа треба да ни послужи како мотивација да тренираме и дома, а кога ќе дојде време да продолжиме, да бидеме во што е можно подобра форма. Сите сакаме да бидеме сигурни дека подготвени ќе го дочекаме продолжувањето на сезоната“, вели Хендерсон.

Во 29 меча кои Ливерпул ги одигра сезонава, тимот предводен од Јирген Клоп успеа да се радува на 27 средби, еднаш ремизираше, а само еднаш и загуби за неверојатни 82 бодови по тој дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести