Хендикеп за Лацио – Се повреди Милинковиќ-Савиќ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ не го завршил утринскиот тренинг на Лацио и си заминал предвреме од комплексот на римјаните откако го повредил коленото.

Денеска во 18 часот му е закажана магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата. Италијанските медиуми објавија дека во Лацио не се загрижени и дека веројатно станува збор за полесна повреда, но повеќе ќе се знае вечерва.

Милинковиќ-Савиќ игра одлична сезона, како и Лацио и се во трка со Јувентус за титулата, а српскиот репрезентативец е на цел на неколку европски гиганти.

Интерес за него има од Манчестер јунајтед, Реал Мадрид дури и од главниот ривал за титулата Јувентус. Лацио до прекинот на шампионатот, што треба да продолжи на 20 јуни, е на второто место во Серија А со 62 бода, еден помалку од лидерот и актуелен првак Јувентус.

Ако повредата на популарниот СМС е сериозна, тоа би било голем удар за амбициите на Лацио да ја сопре апсолутната доминација на Јувентус, екипа што ги освои последните 8 титули во Италија.

- Оглас -

Најнови вести