Херис беше побрз од сирената и го спречи налетот на шампионот (видео)

Тобајас Херис со кош од полудистанца го реши тимот на ЛА лејкерс и ѝ донесе минимален триумф на Филаделфија од 106:105 против актуелниот првак.

Ѕвездата на Сиксерси ја прекина серијата од 10 последователни гостински победи на Езерџиите и ја донесе заслужената победа на својата екипа, во која цело време го контролираа резултатот. Херис во соло акција погоди преку раката на Карусо на 2,4 секунди до крајот за свои 24 поени, по што Дејвис се обиде да изнуди фаул за три слободни фрлања.

Поразот на Лејкерси значеше дека Западот ќе добие нов лидер, откако Јута славеше со 116:104 против Далас и ја запиша 10-тата победа во низа за преземање на врвот во Западната конференција.

Триото на Бруклин нетс, Дурант – Харден – Ирвинг комбинираше 91 поен во триумфот над Атланта по едно продолжение со 132:128, по што Нетс влегоа во мини-серија од три победи.

Кризата продолжи за вицешампионот Мајами хит, по претрпениот пораз на домашен терен од Денвер со 109:82, што е четврто разочарување за Жешките во низа.

Останати резултати НБА:

Шарлот 106:116 Индијана, Кливленд 122:107 Детроит, Орландо меџик 107:121 Сакраменто, Торонто 108:115 Милвоки, Сан Антонио 110:106 Бостон, Њу Орлеанс 124:106 Вашингтон, Феникс 97:102 Оклахома, Голден стејт 123:111 Минесота.

- Оглас -

Најнови вести