Херојот на Аталанта е во делириум: Ова е неверојатно, испишавме историја

Фудбалерите на Аталанта синоќа покажаа дека имаат лек за Баер Леверкузен, му го нанесоа првиот пораз сезонава (3:0) и тоа во најважниот натпревар, во финалето во Лигата на Европа благодарение на неверојатниот Адемола Лукман.

Напаѓачот ги постигна трите гола за Аталанта и на својот тим му го донесе првиот европски трофеј, а втор во клупската историја. Тој стана првиот фудбалер кој постигнал три гола во финале во Лигата на Европа.

„Многу сум среќен, сите заедно успеавме. Испишавме историја и го носиме пехарот со нас во Бергамо. Минатата година имацме одлична сезона, се пласиравме во Европа, а оваа сезона успеавме да освоиме трофеј. Навистина е фантастично и неверојатно чувство“, изјави Лукман.

- Оглас -

Најнови вести