Херојот на финалето на СП 1986, замина од овој свет (Видео)

Еден од јунаците на финалето на Мундијалот во 1986 година, кога Аргентина ја победи Германија со 3-2, Хозе Луис „Тата“ Браун, почина на 62-годишна возраст.

Браун беше дефанзивец, но постигна гол во финалето на СП за водство на Гаучосите, кои од таа 1986 година наваму веќе никогаш не станаа светски прваци. Потоа, при еден дуел се здоби со повреда на десното рамо и со импровизиран бандаж (направи дупка во средината на дресот и таму го држеше палецот) го доигра финалето.

По завршувањето на играчката кариера, Браун работеше како тренер, но играњето со исчашено рамо во финалето на СП е она по што ќе го паметат во Аргентина. А, фудбалерот со шкотско потекло не ни требало да биде член на репрезентацијата која ќе настапи на тоа СП во Мексико. Во последен момент влета на списокот и на ден пред првиот меч се најде во почетниот состав, на штета на Даниел Пасарела.

Браун на СП 1986 ги одигра сите натпревари и сите минути.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести