34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Херојот на Гримзби: Навивач сум на Манчестер јунајтед, па малку ми е жал што испаднаа

Едно од најголемите изненадувања во историјата на Лига купот се случи синоќа кога четвртолигашот Гримзби успеа да го елиминира англискиот гигант Манчестер јунајтед. Гримзби на домашен терен водеше со 2:0, но Манчестер стигна до 2:2 и се избори за изведување на пенали.

Во пенал-рулетот, Манчестер јунајтед преку Куња имаше шанса со гол да оди во следната фаза, но голманот на Гримзби, Кристи Пим одбрани и ја продолжи драмата. Мораа да се изведат дури 13 серии, односно 26 пенали, кога Пим повторно го надмудри противничкиот играч и го одведе четвртолигашот до победа над огромниот фаворит.

Интересно е дека е навивач на Манчестер јунајтед, па вели дека малку му е жал што неговиот оомилен тим е елиминиран.

„Јас сум навивач на Манчестер јунајтед така да малку сум лут и разочаран. Поради Ваквите мечеви го сакаме и го играме фудбалот. На последниот тренинг речиси еден час вежбав пенали, за секој случај. На крајот, јас одбранив еден пенал, а соиграчите го сторија останатото. Одлично“, рече голманот на Гримзби, Пим.

- Оглас -

Најнови вести