Манчестер сити ја оствари и третата победа во новата сезона во Премиер лигата откако на гости го совлада Вест хем со 1-3. Незадржлив беше Ерлинг Халанд кој постигна хет-трик за Граѓаните на овој дуел.
Халанд во десеттата минута на одличен начин ја „награди“ асистенцијата на Бернардо Силва за водство на Манчестер сити. Вест хем израмни во 19-тата минута, кога Рубен Дијаш во обид да интервенира си постигна автогол.
Сепак, Халанд во 30-тата повторно ја врати предноста за Манчестер сити, а во 84-тата минута и го потврди триумфот на шампионот.