Реал Мадрид доживеа шокантен пораз од Хетафе (0-1) на домашен терен и направи голем чекор назад во трката за шампионската титула. Сега Кралевите имаат четири бода негатива во однос на лидерот и најголем ривал, Барселона.
Реал не беше на потребното ниво, многу недостигаше повредениот Килијан Мбапе, а прекрасен погодок за победа постигна Мартин Сотријано во 39-тата минута од натпреварот.
Во вториот дел, Кралевите се обидуваа да стигнат до израмнување, но без успех.
Во завршницата црвени картони добија Мастантуоно од Реал Мадрид и Лисо од Хетафе.

