Хит интервју на Златан, објасни што е подобро, постигнување голови или секс (Видео)

Познатиот англиски новинар Пирс Морган направи интервју со Златан Ибрахимовиќ, кое ќе биде емитувано в четврток, а според инсертите кои се објавени на социјалните мрежи, тоа се очекува да биде фантастично и во рангот на тоа на Кристијано Роналдо, кога објави дека си заминува од Манчестер јунајтед.

На едно од видеата кои се појавија како најава за интервјуто, Морган го прашува Ибрахимовиќ да открие што е подобро, постигнување голови или водење љубов, а Златан во свој стил даде одговор.

„Сексот е подобар. Кој мисли поинаку, има проблем во кревет“, одговори Златан.

 

Во интервјуто, Ибрахимовиќ не пропушти да го пецне Хосеп Гвардиола, кој му беше тренер во Барселона и кој не сакаше во својот тим да има играчи со големо его како тоа на Златан.

„Гвардиола? На првиот состанок ми рече дека играчите тука не доаѓаат со ‘ферари’. Си заминав од состанокот и веднаш си купив е**но ‘ферари’“.

 

- Оглас -

Најнови вести