Хит снимка, судијата се изнервира по утката на Лаказет против Ливерпул (Видео)

Судијата Крег Поусон е главна ѕвезда на социјалните мрежи денеска во Англија, откако се појави снимка на која се гледа една негова чудна реакција по утката на Александре Лаказет, во ситуацијата кога излезе сам пред Алисон и можеше да изедначи на 2-2 на синоќешното дерби од Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Арсенал.

Лаказет пропушти супер прилика за гол, а навивачите ја забележаа комичната реакција на главниот судија, кој реагираше исфрустрирано кога виде дека голманот на Црвените не беше совладан од идеалната позиција која ја имаше Французинот.

Секако, главните шеги на сметка на судијата се дека веројатно го имал Лаказет во својот тим на играта „Фантази“. Погледнете како се изнервира судијата Поусон кога Арсенал не успеа да израмни:

https://twitter.com/i/status/1310696829437308929

- Оглас -

Најнови вести