Хит видео: Искрениот Алкарас на 12 години кажа кој му е идол, не е Надал! (Видео)

Интересна видео снимка од пред осум години се појави по социјалните мрежи и веднаш стана хит. Станува збор за мини интервју во кое сега најдобриот светски тенисер Карлос Алкарас, има 12 години, и уште не беше професионален тенисер.

Новинарот го праша Алкарас која му е најголема желба и сон да му се исполни ако ста е професионлен тенисер, а Карлос одговори: „Да ги освојам Ролан Гарос и Вимблдон“.

Вчера Алкарас го освои Вимблдон, и тоа му е втора грен-слем титула во кариерата. Уште го нема освоено парискиот Ролан Гарос, но како игра, веројатно во иднина и тоа ќе се случи.

Интересно е и што тогаш тениски идол му бил Роџер Федерер, а не сонародникот Рафаел Надал, кој во тоа време водеше жестоки битки со Швајцарецот.

- Оглас -

Најнови вести