Хјустон рокитс славеше на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 124:115, „ракетите“ во финишот зедоа замав и му го расипаа дебито на Леброн Џејмс пред домашната публика. „Езерџиите“ забележаа два порази на стартот на регуларната сезона, а Хјустон брзо се опорави по поразот од Пеликанс во премиерниот меч.
Во неизвесната пресметка клучни беа последните две минути од средбата, во кои при резултат од 114-112 во корист на Хјустон, гостите направија серија од 10 поени, а лејкерси постигнаа само еден кош.
Шутерски расположениот Џејмс Харден заврши со 36 поени, седум скока и пет асистенции, Крис Пол додаде 28 поени и 10 асистенции. Кај домаќините повторно најефикасен беше Џејмс со 24 поени, пет скока и пет асистенции, Мекги додде 16 поени и пет скока.
Резултати НБА:
ЛА Лејкерс – Хјустон рокитс 115:124
Вашингтон визардс – Торонто репторс 113:117
Њујорк никс – Бостон селтикс 101:103
Филаделфија сиксерс – Орландо меџик 116:115
Чикаго булс – Детроит пистонс 116:118
Мајами хит – Шарлот хорнетс 112:113
Далас маверикс – Минесота тимебрвулвс 140:136
Денвер нагетс – Феникс санс 119:91
Портланд трејлблејзерс – Сан Антонио спарс 121:108