Хојлунд донесе пресврт за Манчестер јунајтед, славеше и Рома (Видео)

Манчестер јунајтед стигна до третата победа во Лигата на Европа откако со пресврт славеше против П’лзењ на гости со 1-2. Расмус Хојлунд беше двоен стрелец за Ѓаволите и творец на пресвртот откако Андре Онана направи голема грешка на почетокот на вториот дел, а тоа го казни Матеј Видра со погодок во 47-мата минута.

Сепак, Хојлунд израмни во 62-рата минута, а потоа и погоди за триумф во 88-мата минута.

Рома оствари убедлив триумф над Брага на „Олимпико“ со 3-0. Лоренцо Пелегрини во 11-тата минута обезбеди водство, Абдулхамид го постигна вториот гол, а триумфот го потврди Марио Ермосо.

ПАОК го декласира Ференцварош со 5-0, а Малме и Галатасарај одиграа 2-2. Унион Сен Жил ја победи Ница со 2-1, а Олимпијакос и Твенте ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести