Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд, го искористи својот Инстаграм профил за да се потсмева со капитенот на Сити, Кајл Вокер, по дербито на „Етихад“.
Двајцата се закачија малку пред паузата, при што разменија по некоја реплика и имаа „клинч“ со главите, а потоа дефанзивецот театрално падна на теренот во обид да ги измами судиите.
Hojlund cooked Walker 😭 pic.twitter.com/mSsOdWXByt
— Troll Football (@TrollFootball) December 15, 2024
Двајцата добија жолти картони, а по завршувањето на натпреварот, Хојлунд се пошегувал дека Вокер заслужува „оскар“ за својата изведба во таа ситуација.
„Манчестер е црвен, цвеќето е сино, каква брилијантна претстава, но „оскарот“ оди кај…“, објави Хојлунд.
Секако, креативноста на Хојлунд многу им се допадна на навивачите на Црвените ѓаволи, кои се среќни поради големиот пресврт и победата во дербито.