Хокејот е опасен и за луѓето во црно, Џони не беше добар за судијата Пел (Видео)

Бизарен инцидент во кој настрада еден од судиите се случи на НХЛ мечот меѓу Чикаго блекхокс и Аризона којотс, а ненамерно Џонатан Тејз го повреди Тим Пел.

По еден дуел со хокеар на Аризона популарниот Џони падна на ногата на судијата, кој веднаш стана, но се виде дека е повреден. Тим Пел е судија со 21-годишно искуство во НХЛ лигата, а веднаш замина на клупата на Аризона, а потоа и во соблекувалната, а објавено е дека има скршеница на скочниот зглоб на десната нога.

Пел не се врати на мразот и ќе мора извесно време да паузира по повредата што без никаква намера ја предизвика Тејз.

- Оглас -

Најнови вести