Холандија блесна во второто полувреме и ја растури Германија на нејзин терен

Германската фудбалска репрезентација за прв пат по повеќе од 10 години загуби на свој терен во меч од квалификации за Европско првенство. Панцерите беа поразени во Хамбург од Холандија со 2:4, иако на полувремето водеа со 1:0.

Неверојатни втори 45 минути одиграа Холанѓаните и на крајот заслужено се радуваа. Серијата погодоци за пресврт го даде Френки де Јонг во 59 минута, а потоа Тах си даде автогол за 2:1 за гостите. Германците потоа добија „подарок“ пенал, а погоди Крос за 2:2.

Сепак, Холандија повторно продолжи да напаѓа и тоа резултираше со два гола. Мален и Вајналдум погодија за комплетирање на неверојатното второ полувреме во кое Германците немаа одбрана за Лалињата, кои со овој триумф се враќаат во трка за место кое води на ЕП 2020.

Русија победи на гости кај Шкотска со 2:1, а Хрватска беше убедлива кај Словачка и славеше со 4:0. И Белгија даде четири гола на гости и тоа против аутсајдерот Сан Марино. Белорусија со 2:1 ја победи Естонија на гости, а Кипар и Казакстан ремизираа 1:1.

Во денешните девет меча, победи на свој терен единствено забележаа Австрија против Летонија (6:0), Словенија против Полска со 2:0 и Велс против Азербејџан (2:1).

https://youtu.be/9AXAoT_DNRM

 

- Оглас -

Најнови вести