Тениската репрезентација на Холандија за прв пат во историјата ќе игра во финалето на Дејвис куп натпреварувањето. Холандија до историскиот резултат стигна откако прво во четвртфиналето со 2:1 во победи ја елиминираше Шпанија, кога и го испратија Рафаел Надал во играчка пензија.
Потоа Холандија продолжи со добра игра и во полуфиналето со 2:0 ја победија Германија и прв пат стигнаа до финалето, каде ги чека фаворизираната Италија.
Аѕурите предводени од најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер со 2:0 ја победи Австралија. Најпрво Беретини беше подобар од Кокинаис со 6:7, 6:3, 7:5, а потоа и Синер покажа моќ и беше подобар од Де Минаур со 6:3, 6:4.
Финалето ќе се игра утре, а ако Холандија повеќе од еден век чекаше за ваков момент, Италија е актуелен бранител на тронот.