Холандија и Англија овојпат нема да одиграат нерешено

6781 Еквадор – Сенегал (16.00 часот)

Ова е клучен дуел од групата А на СП во Катар кој само една од овие две селекции ќе ја однесе во осминафиналето. Сенегал е тимот кој мора да победи, а на Еквадор му одговара и нерешено за да оди понатаму. Двата тима дадоа по три гола во првите две кола. Еквадор нема пораз уште од март, па важи за благ фаворит на хартија. Проблем за него е што на повреда се жали ѕвездата Емер Валенсија и настапот му е неизвесен.

Предлог тип: Х полувреме (1.99)

 

6782 Холандија – Катар (16.00 часот)

Холандија е голем фаворит и нема да ја испушти приликата да извојува победа против домаќинот и како прва од групата да оди во осминафинале. Лалињата потфрлија против Еквадор, но Катар е послаб тим од Еквадор, па би требало да ги освојат трите бода. Разликата во квалитет е голема, прашање е само колку голови ќе постигнат Холанѓаните.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.09)

 

2431 Киндија Трговиште – У. Крајова (18.00 часот)

За разбивање на монотонијата на СП, ви предлагаме и еден меч од романската прва лига. Ова е дуел на два тима кои не знаат за пораз во последните пет кола. Универзитатеа се бори за место кое води во Европа, со победа би се искачила на третото место. Овие два тима често играат нерешено, а историјатот на меѓусебните дуели најавува неефикасен меч. Последните шест пресметки им завршуваа со истиот резултат 1-0, некогаш победуваа едните, некогаш другите.

Предлог тип: Х2 & 0-2 (1.85)

 

6783 Иран – САД (20.00 часот)

И ова е натпревар кој директно решава за патник во осминафиналето. Победникот оди во следната фаза, а на Иранците може доволно да им биде и реми, додека Американците мора да победат. Освен фудбалско, овој меч ќе има и политичко значење и тензии. Слично нешто имаше и на СП во 1998 година, кога Иран победи со 2-1. Овојпат Американците се благи фаворити, но ќе треба да ја прикажат својата најдобра игра во Катар ако сакаат да слават.

Предлог тип: ГГ (2.01)

 

6784 Велс – Англија (20.00 часот)

Велшаните разочараа во првите две кола, пред нив е невозможна мисија да се вадат против големиот фаворит. Англија со победа сигурно е прва, а со реми може да падне и на втора позиција, па не им е сеедно како ќе се заврши овој соседски британски дуел. Велс има серија од седум меча по ред без победа. Велшаните не знаат за победа над Англија, па и традицијата најавува триумф на Гордиот Албион.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.08)

- Оглас -

Најнови вести