Холандија водеше шест разлика, но на крајот победи Норвешка

Вистинско дерби беше дуелот меѓу Холандија и Норвешка во Ф групата на СП во ракомет, каде што беше и Македонија. Норвешка победи со 27:26 и заврши како прва во групата, но мечот беше многу драматичен.

Холандија многу подобро започна и при водство од 8:7 направи серија од 4:0 за предност од 12:7. Во првото полувреме Холандија водеше и со шест разлика (15:9), а на полувреме Лалињата водеа со 17:13.

На почетокот на вториот дел Холандија водеше со 19:14, но Норвешка со неверојатна низа од 7:1, високата негатива ја претвори во позитива од 21:20. Се играше гол за гол и беше 24:24 кога Норвешка со мини-серија од 2:0 стигна до 26:24 и таа предност ја задржа до крајот за победа од 27:26.

- Оглас -

Најнови вести