Холивудските ѕвезди во мисија да го вратат Бејл од пензија и да го доведат во нивниот тим!

Фановите на фудбалскиот клуб Врексам имаа викенд за памтење откако нивниот миленик успеа да се изборија за влез во професионалниот фудбал, односно да бидат дел од четвртата англиска лига во следната сезона. Цели 15 години чекаше Врексам за повторно да биде дел од Топ 4 лигите во Англија, кои го имаат префиксот на професионални лиги.

Во последното коло што го одигра, Врексам на свој терен со 3:1 го совладаа Борам Вуд, а навивачите прославија со втрчување на теренот, каде што се случи вистинска лудница од радост. 

Сопственици на Врексам се холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени, кои успеаја да го убедат познатиот голман Бен Фостер да се врати од пензија и да биде дел од екипата. Според последните најави, газдата Мекелхени сега е во мисија да го убеди Герет Бејл да се врати од пензија.

„Хеј Бејл, ајде дојди да играме голф. Сигурно нема да поминам четири часа да те убедувам да се вратиш и да одиграш уште една магична сезона“, напиша Роб на својот твитер-профил.

Засега не се знае одговорот на Бејл, кој има 33 години, а неодамна ја заврши кариерата, и тоа во дресот на Лос Анџелес. Бејл во кариерата играше и за Саутхемптон, Тотенхем и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести