Лудница после последниот свиреж: Навивачите влетаа на теренот, сопствениците на клубот беа во солзи (Видео)

Екипата на Рексам после 15 години успеа да обезбеди пласман во четвртата англиска лига, откако го совлада Борам Вуд со 3-1. Овој клуб од централен Велс, стана познат откако за сопственици ги доби холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Ром Мекелхени, кои со солзи во очите го следеа успехот на нивната екипа од трибините на Рејскорс Граунд.

Победата над Борам Вуд лудо ја прославија и навивачите на Рексам кои веднаш после последниот свиреж на судијата влетаа во теренот и заедно со фудбалерите го прославија успехот на својот клуб.

- Оглас -

Најнови вести