Хорор повреда, голман на млад соиграч му скрши повеќе коски во лицето (Видео)

Младиот 18-годишен српски фудбалер роден во Загреб, Ѓуро Џулио Ѓекиќ од клубот Горица, денеска се здоби со тешка повреда на лицето откако беше удрен од голманот соиграч Иван Баниќ, кој сакајќи да расчисти една ситуација, беше залетан и со полна сила со колено го удри Ѓекиќ.

Ѓекиќ остана без свест, со крваво лице, играчите од двата тима веднаш дотрчаа кај него и беа во шок. Беше пренесен во болница и таму се утврдени повеќе фацијални фрактури, пукната аркада и потрес на мозокот, но бил свесен, во стабилна состојба и утре ќе биде опериран.

 

- Оглас -

Најнови вести