Хорор сцени во Чешка, навивачи влетаа на терен и започнаа масовна тепачка (Видео)

Во денот кога се играше финалето во Лигата на Европа, во Чешка се играше финалниот натпревар од Купот меѓу Спарта Прага и Викторија Плзењ во кој хулиганите на двата тима предизвикаа нереди.

Веднаш по завршување на мечот во кој Спарта славеше со 2:1 и ја освои двојната круна, на теренот влетаа навивачите на Викторија Плзењ кои тргнаа кон фановите на Спарта.

Полицијата не успеа правовремено да интервенира поради што дојде до масовна тепачка меѓу двете навивачки групи.

 

https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1793366836547096821

 

- Оглас -

Најнови вести