Шалке 04 за малку ќе ја прекинеше неверојатната низа од 27 меча без пораз, но на крајот одигра само 2:2 на гостувањето кај Аугсбург. Тимот од Гелзенкирхен водеше сè до 93-тата минута, но прими гол и не успеа конечно да се израдува на победа во Бундеслигата.
Освен четирите гола и драматичниот финиш, мечот ќе се памти и по страшната повреда на Марк Ут. Гостинскиот играч во 11-тата минута, по еден воздушен дуел и удар глава со глава со противникот, загуби свест и лошо падна и со главата удри директно во земја.
Веднаш мораа да реагираат лекарите кои го пренесоа Ут во болница, а според првичните информации, фудбалерот се освестил и се чувствува подобро.