Па ова е чудо – Шалке не успеа да победи и со играч повеќе и предност од 2:1

Шалке 04 опасно го загрозува европскиот рекорд на Дерби Каунти со 32 меча без победа, а и денеска тимот од Гелзенкирхен не успеа да победи, иако имаше се во свои раце.

Против Аугсбург на гости 7-кратните германски прваци имаа предност од 2:1 до самиот финиш и играч повече, но примија гол во 93. минута и ремизираа 2:2.

Дерби се уште ќе остане европски рекордер со неславната серија од 32 меча без победа, но Шалке 04 опасно ги загрозува со низа од 27 натпревари без триумф во Бундеслигата.

Радост за 7-кратниот германски првак најавија Бенито Раман и Насим Буџелаб со голови во второто полувреме против Аугсбург, откако Сердар со автогол во првиот дел најави продолжување на црната серија на тимот од Гелзенкирхен.

Сепак радоста на гостите ја спречи Рихтер со погодок во последните моменти од мечот, што заврши со резултат 2:2.

Последниот триумф на Шалке 04 во Бундеслигата им е во јануари годинава против Борусија Менхенгладбах со 2:0 и оттогаш се нареди црната серија од 27 меча без победа.

Апсолутни светски рекордери се фудбалерите на Веракруз од Мексико, кои преклани и лани нанижаа дури 33 натпревари без победа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести