Храбри и среќни гостиварци со исти добитни ливчиња за паметење

Прогнозери од Гостивар за различна уплата на ист тикет во обложувалница на Sport Life во Гостивар, добија огромна сума пари, а притоа уплатата беше скромна.

Заслуга што ливчињата се добитни има кај Луис Суарес од Барселона, кој во последните секунди донесе израмнување на гостувањето кај Вилјареал, но треба да се признае и дека прогнозерите биле храбри и типувале на мечеви со големи квоти.

На тикетите ги има истите 11 парови од натпревари кои се играа во вторникот, средата и четвртокот. Разликата е што на едниот тикет уплатата е 140 денари и добивката е фантастични 917.396 денари, а кај другиот за уплатени 100 денари, исплатени се 655.283 денари.

Меѓу другите прогнози е дека Вулверхемптон ќе го совлада Манчестер јунајтед и притоа „волците“ ќе постигнат два гола (квота од 5.35). Пресвртот се случи во 77-мата минута, кога Вулфс поведе со 2-1 и до крајот остана тој резултат.

Најголема драма имаше на мечот Вилјареал – Барселона, каде што прогнозерот чекаше да заврши нерешено, што беше коефициент од 4.05. Домашните водеа со 4-2, а потоа во 86-тата минута им беше исклучен играч, во 90-тата Меси погоди од слободен удар, Барса тргна по бод и успеа кога Луис Суарес даде гол во 93-тата минута, шокирајќи ја „жолтата подморница“. Овој гол значеше дека гостиварецот останува во игра за добивка од повеќе од 917 илјади денари.

Пресврт имаше и на дуелот Еибар – Леванте, каде што прогнозерот чекаше единица, а гостите водеа со 1-0. Најлесно излегоа италијанските мечеви, каде што прилично рано беа одлучени победниците, а разбивањето на Киево од страна на Сасуоло значеше дека тикетот ќе биде добитен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести