Хрговиќ го нокаутираше Гркот, па славеше со: „Гркинке знај, тука е крај“ (Видео)

Хрватот Филип Хрговиќ со брутален нокаут во втората рунда го разби Грузиецот со грчки пасош, Александре Картозија, а после борбата, во соблекувалната заедно со своите соработници пееја песна од контроверзниот Томпсон.

Картозија откако се најде на подот, имал проблем да земе воздух, но по интервнцијата на лекарите состојбата му се подобри и тој се исправи на нозе и замина во болница.

Задоволниот Хрговиќ, после мечот со Гркот замина во соблекувална и со својот тренер пееја: „Гркинке знај, на се му дојде крај. Збогум и не се враќај“!

Ова е удар со кој Хрговиќ го нокаутираше Картозија:

https://twitter.com/i/status/1309951109339938818

- Оглас -

Најнови вести