Групата Г која уште пред стартот на Мундијалот беше прогласена за најсилна од сите во Катар, сега влегува и во историјата на планетарните собири и тоа поради еден неверојатен податок. Во 92-годишната историја на Светските првенства досега никогаш не немаше случено селекцијата која постигнала најмногу погодоци во групата, на крајот да заврши како последна.
Токму тоа ѝ се случи на Србија. Оваа селекција освои само еден бод во групата со Бразил, Камерун и Швајцарија, иако постигна дури пет голови.
Во првото коло Србија загуби од Бразил со 2:0, потоа одигра 3:3 против Камерун, а во последното коло загуби од Швајцарија со 2:3.
Освен што Србија со најмногу дадени голови е последна во групата, Бразил кој постигна вкупно три погодоци, што е најмалку од сите четири во групата, на крајот го освои првото место.
Едноставно неверојатно, но селекцијата која постигна најмалку погодоци е прва, а таа што даде најмногу голови на крајот заврши како последна.