Хрватите останаа без важен фудбалер поради повреда

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Никола Влашиќ ќе го напушти кампот на репрезентацијата и ќе го пропушти остатокот од Европското првенство во Германија поради повреда на мускулот, објави Хрватскиот фудбалски сојуз. Влашиќ се повреди на тренинг, а по магнетната резонанца утврдена е мала руптура на мускулот.

Селекторот Златко Далиќ, во договор со Влашиќ и медицинскиот тим, донесе одлука фудбалерот да го напушти кампот на репрезентацијата бидејќи повредата не му дозволува да се натпреварува за време на Европското првенство, стои во официјалното соопштение на ХНС.

„Никола Влашиќ вложи многу труд и енергија за да и помогне на репрезентацијата на Европското првенство, и затоа ми е многу жал за оваа повреда на мускулот. Свесно прифативме одреден ризик бидејќи имавме проширен ростер од 26 играчи, а Никола е интегрален дел од овој тим, исто како што тој сакаше да биде дел од тимот на големо натпреварување. За жал, се случи друга повреда и можам само да му се заблагодарам за огромниот труд и да му посакам брзо опоравување и да се врати на теренот во своето најдобро издание,” изјави селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

Хрватите имаа очаен старт на ЕВРО 2024 со пораз од 3-0 против Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести