Хрватите се сигурни: Адеми се сели во Русија

Аријан Адеми ќе го напушти Динамо Загреб по 10 години минати на „Максимир“, а патот ќе го води во Русија, во редовите на ЦСКА Москва, или кај вечниот ривал Спартак.

Најава дека Динамо за Адеми има понуди од двата руски гиганти имаше и претходно, но сега се поткрепуваат информациите дека македонскиот репрезентативец сигурно си заминува.

„Недоразбирањата во случајот со тренерот Бјелица, кој мораше да си замине по кавга, лошо се одразија и на играчите. Односот на клубот беше несоодветен и доста фудбалери ќе си заминат од Динамо. Меѓу нив сигурно ќе биде и капитенот. ЦСКА и Спартак и покрај кризата, имаат пет милиони евра за отштета бидејќи се работи за играч кој може веднаш да се вклопи во секој систем на игра. Адеми е модерен фудбалер, вистински атлет, кој може уште долго да игра на врвно ниво. Русите го знаат тоа и затоа и се интересираат за Адеми. Иако е криза, таков фудбалер за тие пари тешко се наоѓа на фудбалскиот пазар“, пишуваат новинарите на хрватски „Т-Портал“.

Аријан има 29 години, а десет од нив ги мина како член на најтрофејниот хрватски клуб. Кај Модрите пристигна во 2010 година од Шибеник и со кратка пауза од неколку месеци минати како позајмен играч во Локомотива во 2012 година, сè останато беше во дресот на хрватскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести