Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал и официјално го доби признанието за најдобар фудбалер во шпанското првенство за минатата сезона. Јамал до ова признание стигна на само 18 години и е најмладиот играч кој го добил ова највредно индивидуално признание во шпанската лига.
Претходно, на листата на најмлади освојувачи на МВП наградата за најдобар играч беа Џуд Белингам со 20 години во сезоната 2023/24 и Лионел Меси кој до ова признание стигна на 21 година во сезоната 2008/09.
Јамал имаше одлична сезона во која постигна 16 голови и беше најдобар стрелец за Барселона, а додаде и 11 асистенции. Тоа значи дека тинејџерот директно учествувал во постигнување на 27 голови за Барселона, Јамал сезонава во првенството играше на 28 натпревари. Дури 10 меча Јамал пропушти поради повреди или замор, но и тие 28 средби на кои беше на теренот, беа доволно за да стигне до МВП признанието во сезоната 2025/26.

