Хрватите во еуфорија го слават пласманот во четвртфинале и велат: Како Струга нема друга, тука почна се

Хрватите во континуитет бележат одлични резултати на големите натпреварувања, се уште се актуелни светски вицешампиони и во игра за титулата и сега во Катар на новиот Мундијал, а на интересен начин го ставија во контекст на успесите и македонскиот град Струга.

Против Јапонија во осминафиналето славеа на пенали, а во регуларниот дел беше 1:1 и тандемот Ловрен со асистенција и Перишиќ со погодок беа најзаслужни што Хрватска се избори за продолженија и потоа победи во пенал-серија за четвртфинале.

„Македонскиот град Струга е местото каде почна се и таму пред 17 години, на 16. октомври во 2005 година за првпат Ловрен и Перишиќ играа заедно за Хрватска. Тогаш како голобради момчиња во селекцијата до 17 години што ја победи Македонија со 2:0“, пишуваат новинарите на „Вечерњи лист“.

Со нив од таа генерација на репрезентативци на Хрватска до 17 години во актуелниот состав овде во Катар на Мундијалот е и Домагој Вида.

Во четвртфиналето Коцкестите ќе играат со Бразил во петок во 16 часот и тоа е премиерен меч во оваа фаза на СП.

 

- Оглас -

Најнови вести