Хрватот по осум години си оди од Интер и се сели во Ла Лига?!

Хрватскиот репрезентативец Марцело Брозовиќ, по осум и пол години најверојатно ќе го напушти Интер, а медиумите го селат во Ла Лига.

Брозовиќ има договор со Интер со 2026 година според кој заработува шест милиони евра плуд бонуси, но смета дека е време за промена и според италијанските медиуми, Нераѕурите нема да му прават проблеми да си замине.

Како следна дестинација на Хрватот се споменува Барселона, која уште во зимскиот преоден рок преговараше со Интер за евентуална размена Франк Кеси за Брозовиќ.

Според медиумите, токму на овој начин Брозовиќ треба да се пресели на „Камп Ноу“ и да го засили средниот ред на Барселона по заминувањето на Серхио Бускетс.

- Оглас -

Најнови вести