Гол-шоу и погодок на Манасков што ќе се памети, но Хрватска беше подобра од Македонија (Видео)

Хрватска ја победи Македонија со 40:34 во пријателски меч во Пореч, претпоследен за нашата репрезентација пред настапот на Светското прврнство во Полска и Шведска.

Избраниците на Кирил Лазаров солидно и парираа на ракометната велесила, а особено распооложени беа Дејан Манасков со 9 гола и бомбардерот Филип Кузмановски, кој so 7 гола и одличен настап потврди дека ќе биде еден од лидерите на Македонија во тешката група во Краков со Норвешка, Холандија и Аргентина.

Манасков го имаше и потегот и голот на мечот, кога во првото полувреме со топ-финта ја затресе мрежата на Каубоите.

По првото полувреме Хрватите имаа предност од 22:19.

https://twitter.com/RasmusBoysen92/status/1611448954016731139?s=20&t=Nqib0BPSsHohK-LKU-Xf_Q

Во продолжението домаќините полека, но сигурно го кршеа отпорот на Македонија и славеа со 40:34 во меч со многу голови и со ревијален карактер.

 

- Оглас -

Најнови вести