Натпреварувачот во стрелаштво, Миран Маричиќ, ѝ го донесе на Хрватска првиот медал на Летните олимписки игри во Париз, откако во дисциплината 10 метри воздушна пушка го освои третото место.
Маричиќ со освојувањето на бронзениот медал доби загарантирана парична награда од 18.500 евра, а Хрватска за златен медал доделува по 41.000 евра, додека среброто носи награда од 26.000 евра. Сепак, хрватскиот натпреварувач во стрелаштво ќе добие и доживотна пензија за освоениот медал кога ќе наполни 45 години, а висината ќе биде помеѓу 40% и 100% од висината на просечната плата, во зависност колку и какви медали има освоено од Олимписките игри.
Доживотна пензија добиваат и тренерите на освојувачите на медали од Олимпијадите, но за разлика од спортистите, тие тоа право го остваруваат кога ќе наполнат 55 години.