Хрватска и Србија испаднаа од СП, Црногорките ќе играат во четвртфиналето

Женските ракометни репрезентации на Хрватска и Србија го завршија настапот на Светското првенство кое се одржува во Норвешка, Шведска и Данска.

Хрватска на неверојатен начин загуби од Унгарија со 22:23 во последното коло од главната рунда. Ракометарките на Хрватска водеа во најголем дел од натпреварот, а во 40-тата минута предноста беше шест гола (17:11), а на шест минути пред крајот имаа плус четири (22:18), но останаа без победата.

Унгарките до крајот на мечот не примија ниту еден гол, а постигнаа пет и славеа со 22:23.

Поразот на Хрватска значеше пласман во четвртфиналето на Црна Гора иако во моментов игра против Шведска во последниот меч од групата 1.

Србија пак во последното коло од главната рунда загуби со 22:20 од Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести